Skip to main content

Синоќа ечеше во населба „Бараки“

Неколку населби во Охрид ноќеска по полноќ останаа без електрична енергија. Но не само охриѓани, без струја останаа и граѓаните на соседна Струга. Според Атанас Ковачески, портпаролот на ЕВН, причина е големото невреме кое синоќа ја зафати нашата земја и предизвикало низа дефекти во далноводната мрежа.

 |  Николоска Биљана  | 
trafostanica
трафостаница

Силен татнеж од трафостаницата, синоќа, во два наврати, околу 1 часот и 15 минути по полноќ, ги вознемири мештаните од населбата „Гоце Делчев“, позната како бараки. Жителите на населбата не информираа дека потресот не само што ги вознемирил, туку сериозно ги исплашил така што дел од нив цела ноќ останале будни. trafostanicaЕкипа на ЕВН од подрачна единица Охрид, на лице место пристигнала во рок од 5 минути после силните татнежи. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека големото невреме што го зафати охридско-струшкиот регион, е главната причина што на одредени места биле предизвикани дефекти во мрежата.

„Екипите на ЕВН постојано се на терен уште во текот на ноќта и утринава и со големи напори успеаа да ја вратат напонската состојба на многу од населените места кои утринава беа без напојување со електрична енергија. Во моментов се останати само уште селата Свињишта Речица и Плаќе се работи за дефект на далноводот од невремето е, ќе се реагира и ќе се гледа да се отстрани овој дефект така да сите имаат нормално снабдување“-вели Ковачески.

trafostanicaКовачески информира дека покрај прекинот во напојувањто со електрична енергија на дел од градските улици во Охрид, голем дел од туристичките населби во охридскиот регион се соочиле со истиот проблем поради невремето.

„Повеќето улици во Охрид како ул. Даме Груев, Александар Гушо и некои други улици што гравититаат околу овој дел останаа  без напојување со електрична енергија. Имаше и проблем со 35 волтната трафостаницата во Градиште, каде што оние населени места кои гравитираат на оваа трафостаница останаа без електрична енергија, Елешац, Пештани, Трпејца, Љубаништа и Св. Наум. Сега напонската состојба е воспоставена во сите овие места – изјави Ковачески.

Екипите на ЕВН сеуште се на терен и работат на отстранување на дефектите на оние места каде нема напојување со електрична енергија. Ковачевски кажа дека и во струшкиот регион интервенирале и биле санирани оштетувањата на напојната мрежа, така што нема отворени точки. Додава дека состојбата постојано се следи.

{loadposition content9}