Skip to main content

Сите религии – еден свет

Религијата и културата, нераскинлива врска меѓу народите. Ова е мотото на втората светска конференција  за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која се одржува во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
svetska konferencija
светска конференција
Svetska religiska konferencijaВо наредниве три дена, Охрид ќе биде центар на пораките на светските религии.  Конференцијата, која е со мотото “Религијата и културата – нераскинлива врска меѓу народите“ се организира во рамките на Меѓународна година на ООН за зближување на културите. Министерката за Култура на РМакедонија, Елизабета Канческа Милеска и претседателот на меѓународниот комитет за организирање на Втората светска конференција, истакна дека дијалогот претставува најхомогениот медиум за остварување на етничка и религиска толеранција и широко почитување на универзализмот и хуманизмот.

На конференцијата присуствуваат околу 300 политичари, научни и културни работници, експерти за интеркултурниот дијалог и претставници на различни религии од целиот свет. Потврдено е присуството на 130 новинари, и 70 медиуми од кои 30 странски.

Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во своето поздравно обраќање истакна „Кога би прифатил дека другите религии се во право, тоа значи дека би морал да ја отфрлам сопствената. Но, од друга страна тоа не значи дека не можеме да се разбираме, почитуваме и љубиме едни со други.“

Архиепископот Охридски и македонски Г-дин,г-дин Стефан потенцира дека, нема култура без религија и култура без Бога. Тој доаде дека ги поздравува ваквите собири зошто тие значат можнот да се запознаеме одблиску со другиот, различниот и со неговиот религиозен и културен идентитет.

Целите на конференцијата се истакнување на важноста на медиумите во промовирањето на мирот безбедноста и меѓусебната верска толеранција, влијанието на културното наследство во насока на зголемување на взаемната доверба и почит, како и афирмација на улогата на религијата и култрата во трансформацијата на општеството и процесите на глобализацијата .

{loadposition content9}