Skip to main content

Сите живееме во ист свет

Лицата со Даунов синдром ги има и во Охрид и Струга. Институциите, невладините организации и општествено одговорните субјекти, прават напори овие лица да имаат полесен живот, но и бидат интегрален дел од општеството.

 |  Голабовски Крсте  | 
Igor Sajnoski
Игор Шајноски

Лицата со Даунов синдром ги има и во Охрид и Струга. Институциите, невладините организации и општествено одговорните субјекти, прават напори овие лица да имаат полесен живот, но и бидат интегрален дел од општеството.

Игор и АнитаИгор Шајноски веќе четири години е дел од Центарот  за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга. Со стручните лица од ова здружение Игор ги развива своите социјални вештини, добива практични совети за секојдневните активности, практикува спортски активности, посетува едукативна програма, здобива самостојност и самодоерба. Тој е и еден од  продавачите на единственото улично списание кај нас, магазинот „Лице в лице“, но најмногу посакува постојано вработување.

„Jас прво аплицирав за работа во „Македонски шуми“ со Законот за лица со посебни потреби , но за жал ете не ме примија, ме одбија.Моментално јас работам со списанието „Лице во лице“, работа која ми ја понуди „Порака Нова“, вели Игор.

Инаку овој неуморен млад човек моментално чека и одговор по неговото аплицирање за работно место во струшката фирма за картонска амбалажа, „Миском“. Лицата како Игор, лицата со Даунов синдром, може да бидат работоспособни, да имаат вработување, сами да се издржуваат, да живеат самостојно. Анита Гагоска од Центарот  за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга објаснува дека веќе две години работат со родителите кои имаат деца со пречки во развојот, но и со идните родители на вакви деца, како да прифатат и да научат да живеат со нив.

„Лицата со Даунов синдром се како секое нормално дете коие го имаме дома и за кое се бориме да оди во училиште во градинка, да се вработи еден ден. Значи со детето со Даунов синдром треба да го правиме истото кое го правиме со нормалното дете, но само да бидеме малку поупорни и малку поцврсти во она што сакаме да го постигнеме“ објаснува Гагоска.

Кон  светската мапа на голема кампања по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, се приклучија и членките на женскиот Лајонс клуб „Деница“ од Охрид. Кампањата секоја година е различна, но годинава заеднички чинител е носењето шарени чорапи. Марија Попоска членка на Лајонс клубот „Деница“ објаснува дека нивните заложби посебно се насочени кон подобрување на условите на дечињата со пречки во развојот од дневниот центар „Зраци“ од Охрид.
„Подршката која ја добиваме од граѓаните и институциите е голема“, објаснува Попоска, но апелира за поголема инклузија и помош посебно од  институциите и бизнис секторот од градов.

LK Denica„Пред се би го издвоила „Инфел“ којшто како наш сограѓанин реагираше и им воведе кабловска и интернет во тие простории, понатаму, го издвојувам факултетот „Св.Апостол Павле“ којшто издвојува програма за тие дечиња со  посебни потреби. Апелираме до „Нискоградба“ која што треба под итно да се вклучи и да го реши проблемот со пумпата кој постои подолго време, за да може дечињата да си приготвуваат храна таму, а не да ги мијат тањирчињата во тоалетите“ потенцира Попоска.

Уште една од активностите кои од „Деница“ ги преземаат со цел да им се помогне на дечињата од дневниот центар „Зраци“, е и организирањето на хуманитарна забава под маски. Собраните средства од забавата ќе бидат употребени токму за таа намена, потенцира Попоска. Деновиве пак, членките на „Деница“ донираа и училишен прибор и материјали, за потребите на креативната работилница во дневниот центар.

Дауновиот синдром е хромозомопатија која се јавува на 21 хромозом и кај лицата со оваа состојба наместо два има три хромозоми.Лицата со Даунов синдром живеат во нашиот свет,а наше е само да го прифатиме нивниот живот од раѓањето и со малку поголемо трпение да им помогнеме да се развијат во возрасни единки и изградени личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во општеството.

{loadposition content9}