Skip to main content

Туризам

Сивата економија и туризмот

Туристичките агенции од земјава ја губат својата посредничка улога. Туристичките водичи од странство, нов проблем.
 |  Голабовски Крсте  | 
Канео

Туристичките агенции од земјава кои се занимаваат со дојдовен туризам полека ама сигурно ја губат својата посредничка улога. Многубројните измени на Законот за туристичка дејност, ги ставија во подредена положба и агенциите но и македонските туристички водичи, овозможувајќи, странски државјани, од европските земји и од земји од соседството сега, да можат ги водат странските туристи низ нашите културно историски знаменитости, негодуваат експертите.

„Во моментов, странски фирми, странски туроператори можат дирекно да стапуваат во контакт и да изнајмуваат локални туристички водичи, како физички лица. Исто така веќе долго време може да стапуваат во контакт со хотелиерите и хотелите и дирекно да добиваат цени од нив, за ја намалат цената на нивните аранжмани, со што е прескокнат посредничкиот фактор односно локалните туристички агенции.„Во февруари месец 2021 година се направи една драстична промена на Законот за туристичка дејност каде во делот за тоа кој може да води туристички групи во нашата држава, беше ставено дека може да се државјани коишто не се резиденти на Република Македонија“, – вели Проф.Др. Климент Наумов – ФТУ Охрид.

Европската унија вели Наумов претендира во своите рамки да воведе еден заеднички систем, односно да обезбеди еднакви права и услови за сите резиденти на ЕУ. Но не ги исклучува локалните закони и подзаконски акти за заштита на правата на локалните агенции и туристички водичи. Згаснувањето на АТАМ дополнително нанесе удар на работењето на македонските туристички агенции и на асоцијацииите на туристички водич, вели Владо Суклоски, сопственик на туристичка агенција.

„Не смееме да дозволиме преку ваква сива економија се уништат пред се агенциите и нормално водичите, ако се дозволи да водат странци во Македонија, тогаш, домашните водичи кои плаќаат и по 500 евра за да се стекнат со звање туристички водич, ќе останат без работа.Овие недостатоци мора да се корегираат и да се направи еден закон кој пред се ќе ги штити домашните институции и домашните фирми што е основа на секоја економија“, кажа Владо Суклоски – сопственик на туристичка агенција.

Канео

Платформите како Booking и AIRBNB ги урнаа навиките на туристите да ги коиристат услугите на туристичките агенции за сместување и други дополнителни дејности. Тоа мора да се регулира велат од туристичките агенции, бидејќи сега конгреси, екскурзии или сместување организираат директори на училишта, вработени во државни институции, туристички водичи, па дури и свештени лица, без притоа да плаќаат даноци.Експретите децидни дека сега за сега и нашите тиристички водичи и туристичките агенции кои се занимаваат со дојдовен туризам, немаат институционална заштита и нема кој да реагира кога се носат закони спротивни на нивните интереси.