Skip to main content

Првомајската скара може да ве чини плус 50 евра

Внимавајте каде ќе расчадите за денот на трудот, инспекторите ве демнат

 |  Јаковлева Лионела  | 
skara
скара

Меѓународниот ден на трудот – Први мај се наближува. Се кројат планови кој каде ќе оди и каква скара ќе направи. Оваа традиција е многу убава, но може и скапо да ве чини.

plazaОд општинскиот инспекторат апелираат да се зачува комуналниот ред на излетничките места и граѓаните да ги почитуваат воспоставените забрани за палење на оган и приготвување на скара на отворените површини. Доколку не го сторат тоа можат да заработат казна од 50 евра. Минатата година за првомајските празници биле напишани 50-тина казни само по основ палење оган на недозволено место.

Охриѓани и покрај високите глоби тешко се откажуваат од првомајската скара. Ако не сакате да платите казна поради ваквото задоволство, скарата можете да си ја направите во својот двор или на излетничките места каде има посебно уреден простор за таа намена. Наш предлог е да го посетите Скребатно или Корита. Ем ќе си направите  скара во природа, ем никој не ќе може да ве казни.

 

{loadposition content9}