Скијање или голф? Зошто да не и двете!
Голф во лето, скијање во зима, релаксирање во спа центрите во сите годишни времиња. Единствена можност која Ви ја нуди групацијата „Бугарија Холидејс“.
Голф во лето, скијање во зима, релаксирање во спа центрите во сите годишни времиња. Единствена можност која Ви ја нуди групацијата „Бугарија Холидејс“.
Луксузот кој го нудат хотелите на „Бугарија Холидејс“ – „Катарино спа“, „Разлог“ и мега ресортот „Пирин голф и кантри клуб“, содржи спа центри, отворени и затворени базени со термална вода, лакониум, фитнес сала, тениски игралишта, голф терени, куглање, билијард и уште многу други анимации за гостите.
За љубителите на зимските спортови на располагање им е модерна ски опрема и 70 км. скијачки патеки, до кои брзо и лесно може да се стигне со новоизградената жичарница во должина од 25км. Ако не наврне доволно снег, тогаш стазите се покриваат со вештачки снег кој се прави со помош на 160те специјални топови за таа намена.
Сите овие можности кои им се нудат на туристите го прават Банско најголем планински, спа, голф и ски центар на Балканот.
Мега ресортот „Пирин голф и кантри клуб“ претставува мало гратче, со идилична локација, во прегратките на трите планински масиви Рила, Пирин и Родопите. Има многу ресторани, шеталиште, трговски центар, брендирани продавници, галерии, 3 вештачки езера.
Во склоп на ресортот, освен хотелот „Пирин голф“ кој е екстра луксузен со 5 ѕвезди, има и голем број на студиа и апартмани од различна категорија, достапни за сечиј џеб, како и вили за изнајмување и продажба. Интересно е што сите овие сместувачки капацитети се изградени од дрво и камен, со што се зачувува традицијата на старата архитектура.
Страстните голфери можат да ги покажат своите вештини на најголемиот голф терен на Балканот. Секоја недела се организираат голф турнири, имаат 350 членови, а веќе се формирани и 2 голф клуба од Македонија, еден од Охрид и еден од Битола. И најмладите можат да уживаат во убавините и предностите кои ги нуди играта голф.
„Имаме специјални пакети за деца и во текот на летниот распуст, секоја недела организираме меѓународни детски кампови, на кои децата можат да почнат да се занимаваат со голф или да ја усовршуваат својата игра“, вели Андреј Глушков, менаџер на „Pro shop“ на х.Пирин голф“.
Успешноста на групацијата „Бугарија Холидејс“, е резултат на првокласната услуга која ја нудат, како и нивната стратегија хотелските капацитети да бидат исполнети не само во зимскиот период, туку и во текот на целата година.
Најбројни се гостите од Русија, Грција, Романија и Англија, a последниве години, поради пристапните цени, расте бројот на туристи и од Македонија, вели Петар Захов, менаџер на хотелот „Пирин голф“.
„Бугарија Холидејс“ годишно ги посетуваат околу 30 до 40 илјади гости во сите објекти со кои стопанисуваме.
Надвор од сезоната, кога всушност е и најдоброто време за одмор, имаме многу големи попусти достапни за секоја категорија на гости“, вели Захов.
Туристичката агенција „Елида турс“, веќе 15 години ги промовира хотелите на групацијата „Бугарија Холидејс“. Елида Битрак, сопственик на агенцијата, вели дека пред се нудат квалитет, а понудата е достапна за сечиј џеб.
„Нашите клиенти најнапред се одлучуваат затоа што квалитетот е на високо ниво, цените се пристапни за македонскиот пазар, услугата е на многу високо ниво, се` што е понудено е со врвен квалитет и мислам дека тоа е една од главните причини“, вели Елида Битрак.
Групацијата „Бугарија холидејс“ е пример за успешен туризам, не само на Балканот, туку и пошироко. Не е доволно само да се има природен потенцијал, туку истиот треба максимално да се искористи и соодветно да се понуди на светскиот туристички пазар. Елитните хотели на “Бугарија Холидејс” – “Катарино спа”,” Пирин голф” и “Разлог”, на гостите им нудат луксуз, квалитетна услуга, вкусна традиционална храна, пристапни цени, односно идеални услови за незаборавен одмор и рекреација во текот на целата година.