Skip to main content

Од 01 јули започнува со работа школата за пливање „Делфина 2012 год.“

И годинава охриѓани можат да учат да пливаат во школата за пливање „Делфина 2012“.

 |  Маленкова Татјана  | 
bazen
bazen

 „Делфина 2012“, годинава ќе работи трета година по ред е подготвена да ги прими сите млади деца непливачи, но и сите оние кои сакаат да ги доусовршат техниките на пливањето. Професорот по пливање Соња Думбалова Делова вели дека најдобро е со пливање да се започне од 5 годишна воздраст, а од 4 години со игри на вода. Таа признава дека идеална група би бала од 14 дечиња.

„Ние сме еден тим кој ќе работи под мое раководство. Тоа се рекордери во пливање, пливачи кои достигнале Sonja Dumbalova Delovaрекорди и добивале медаљи. Тие можат многу добро да ја дефинираат не само воздраста туку и техниката во пливањето, демонстрирана во вода. Тука сум и јас и ќе работиме заеднички“, вели инструкорот по пливање Соња Думбалова Делова.

Како што најавија од ЈП Билјанини извори пред неколку денови започна средувањето на посторот кај базените, а за два дена треба да стигне и хлорот, што значи дека после тоа веднаш ќе се исчистат  и наполнат базените.

„Со школата за пливање почнуваме од 01 јули. Во тек се уписите. Ги поканувам сите љубители на пливањето кои сакаат да ја посетуваат оваа школа. Уписи има секој ден од 09 до 13 часот и од 16 до 20.00 часот. Голема благодарност за брзата интервенција. Брзо се чистат базените, до вработените од спортско рекреативниот центар Билјанини извори. Овој проект е подржан од градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид“, вели Делова.

bazenДумбалова Делова открива дека во Охрид има многу талентирани деца, кои доколку имаат каде да тренираат преку цела година, ќе покажуваат многу добри резултати.

„Има охридски надежи, зошто во генот ни е пливањето  и со затворенот пливачки базен, кој треба да се гради ќе имаме голем континуитет што значи ќе имаме пливање во зимски услови следната година“ , вели Думбалова Делова.

Минатата година дел од школата за пливање биле над 200 деца. Думбалова делова за годинава очекува дека ова абројка ќе биде многу поголема. Според неа годинава интерес за изучување на тајните на пливањето покажале не само дечиња почетници, туку и оние кои сакаат да ги доусовршат техниките во пливање. Термините за пливање ќе бидат наутро од 09.00 до 10.30 во малиот базен,  па за понапредните категории еден час и во големиот базен и попладне од 17 до 19 часот. Цената сеуште не е прецизирана, но Делова вели дека таа ќе биде симболична и достапна  за сите.

{loadposition content9}