Skip to main content

Школската година започна

Од училиште во книжарница.

 |  Маленкова Татјана  | 
knigi
книги

На првиот училишен час на кој на децата им беа поделени учебниците, наставниците и професорите уште ги информираа основците и средношколците и за останатите наставни помагала кои ќе им требаат за непречено одвивање на наставата. Најсовесните уште утрово ги затекнавме во книжарниците низ Охрид.

Раководителот на книжарницата „Просветно дело“ во Охрид, Димитар Саков, вели дека уште рано утрово се knizarnicaпочуваствувала училишната атмосфера. Тој додава дека нема потреба од гужви и нервози за набавка на училишен прибор и работни тетратки, затоа што од се што треба за учениците, имаат набавено големи количини.

„Приборот и работните тетратки се на ниво на минатогодишните цени, нема промени. Работните тетратки се од 100 до 400 денари. Што се однесува до приборот во цените нема промена, моливите пенкалата од 10 до 45 денари и гумите стандардни цени. Тетратските од 10 до 40 денари малите и големиот формат од 30до 90 денари од Пињат“, вели Раководителот на книжарницата „Просветно дело“ во Охрид“, Димитар Саков.
 
Што се однесува пак до ранците и покрај тоа што се купуваа и денеска, сепак дознаваме дека најголем дел од ученицити ранци си набавиле порано, поточно уште во текот на месец август. Од „Просветно дело“ задоволни што родителите не штедат на училишни торби. Тие додаваат дека и покрај тоа што ги има со различни цени прилагодени на секој џеб, од 1100 денари до 3500 денари , сепак се бара квалитет.     
Покрај школски прибор денеска се купуваа и работни тетратки.

„Работните тетратки од нашите изданија од издавачката куќа просветно дело ги имаме сите и се чекаат уште knizarnicaдва три наслови кои се надопечатување. Од другите издавачи го чекаме склучувањето на договорите и за неколку дена ќе ги има и нив. Се надевем дека до петок ќе ги имаме сите.Би апелирал до родителите да не паничат да се нема нервози бидејќи навремено ќе стигнат сите“, вели Саков.

Книжарниците снабдени, но се наметнува прашањето дали работните тетратки треба да се купуваат. Од министерството за образование од педагошката служба се категорични дека Согласно  законот, наставниците не треба од родителите да бараат да купуваат работни тетратки, затоа што со работните содржини кои се утврдени за деветтолетка, не се одредени работни помагала. Од таму додаваат дека доколку инспекторатот  во училиштата затекне дека во наставата се користат вакви помагала, тогаш за наставникот и директорот следуваат парични казни од 1000 до 3000 евра во денарска противвредност. Дознаваме дека уште минатата година на сите училишта им бил испратен допис, каде јасно било прецизирано зоште не треба да се купуваат работни листови, како и за санкциите кои би следувале доколку се прекршува оваа законска одредба. 

{loadposition content9}