Свр охрид
Скопјанец фатен со марихуана во камп покрај езерото
Во камп покрај Охридското езеро, пронајдена марихуана кај 28-годишен скопјанец која тој им ја овозможил за користење на две лица од Скопје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
При извршен претрес во камп покрај Охридското Езеро, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, која тој им ја овозможил за користење на А.Ч. и А.Ј, двајцата од Скопје – информираат од СВР Охрид.


