Skip to main content

Кривична пријава

Скопјанец градел на заштитено подрачје во Љубаништа

Скопјанец изградил три објекти цврста градба и еден базен без соодветна документација, во атарот на Љубаништа кое е заштитено подрачје.
 |  инфодеск  | 
Љубаништа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Тој, на катастарска парцела во атарот на охридското село Љубаништа, кое е заштитено подрачје, без соодветна документација и без согласност од Националниот парк „Галичица” изградил три објекти цврста градба и еден базен. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид донел решение за отстранување на нелегалните објекти – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.