Skip to main content

Кривична пријава

Скопјанец ширел расизам и ксенофобија преку Фејсбук

Поднесена е кривична пријава против скопјанец поради ширење расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук.
 |  инфодеск  | 
Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(23) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено ккривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Тој, на 09.12.2021 година, по објавен текст од интенет портал на социјална мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој поттикнал омраза и насилство против одредена група на граѓани – информираат од СВР Охрид.