Skip to main content

31-годишниот скопјанец, по кого се трагаше, е пронајден починат во водите на Охридското Езеро

По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, по што треба да се утврдат околностите и причината за смртта.
 |  инфодеск  | 
Езерска полиција

Според информациите од СВР Охрид, синоќа околу 22 часот, по преземени мерки од полициски службеници од Езерската полиција и СВР Охрид, во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното во водите на езерото, било пронајдено телото на 31-годишниот скопјанец.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што, според првичните наоди, немало траги на насилство. Препознавањето на починатиот го извршил член на неговото семејство.

На 14 септември во 18:10 часот во СВР Охрид, неговиот 68-годишен татко пријавил дека синот е исчезнат. Двајцата престојувале во автокамп во Охрид.

По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, по што треба да се утврдат околностите и причината за смртта.