СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При претрес, извршен по судска наредба, во стан во Охрид, каде бил отседнат пријавениот, полициски службеници затекнале четири лица од Скопје при користење марихуана – информираат од СВР Охрид.