Свр охрид
Скопјани фатени при користење марихуана
Четири лица од Скопје биле фатени при користење марихуана во стан во Охрид. Против 22-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При претрес, извршен по судска наредба, во стан во Охрид, каде бил отседнат пријавениот, полициски службеници затекнале четири лица од Скопје при користење марихуана – информираат од СВР Охрид.


