Skip to main content

Нарушен јавниот ред и мир

Скопјани се карале пред хотел на патот Охрид-Св. Наум

Неколку лица од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување пред хотел на регионалниот пат Охрид-Св. Наум.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 27.06.2022 година пред хотелски објект лоциран на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, нарушен е јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување од С.С. и Р.М.К., кон Б.М.(83), В.С.(50) и Д.Д.(51), сите од Скопје.

По целосно документирање, против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.