Скопјанка подигнала кредит на туѓо име, оштетена охриѓанка за 80 000 денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишната Д.Н. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
| | Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишната Д.Н. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

–Пријавената, на 10-ти јуни 2019 година, без одобрение на оштетената Т.М. од Охрид, ја земала нејзината лична карта и ги злоупотребила нејзините лични податоци за подигање на кредит од финансиско друштво во износ од 80.000 денари.-информираат од МВР.