Скопјанка со помош на вработен во транспорт и врски изградила повеќе катови од дозволеното на зграда во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”, како и против 38 годишна скопјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
„Во текот на минатата година, првото лице во својство на вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал одобрение за градба на индивидуална станбена зграда во Охрид. Второпријавената, како сопственик и инвеститор на градбата, без потребна техничко градежна документација, изградила повеќе катови од дозволеното, со што двајцата се стекнале со противправна имотна корист.“ -информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.