Skip to main content

Во Скребатно добро се живее

Mештаните на Скребатно се гордеат со она што досега го постигнале. Веруваат, дека селото нуди можност за егзистенција, само младите да направат чекор. Црквата Св. „Богородица“ е светиот столб на ова место.

 |  Билјана Николовска  | 
skrebatno
скребатно

SkrebatnoНа десеттина километри од Охрид, по стрмна планинска патека се наоѓа селото Скребатно. Денеска во него постојано живеат 4-5 семејства. Од куќите останати се петнаесеттина а има и неколку викендички. Мештаните веќе почнаа со засадување на земјоделските култури. Тие велат дека Господ има ставено рака на овој дел. Многумина од нив се сеќаваат како било некогаш.
Скребатно овој период оживува. Секој што има градина ја обработува бидејќи има добри услови за тоа, вели Ѓорги Гогачески. Тој додава дека Скребатно е најпосетено за време на викендите најмногу поради црквата Св. „Богородица“.
Селото многу не влечи бидејќи сме отука вели Драган Германоски. Додава дека секој што сака да работи, тука има место. Германоски верува дека младите можат дел од своите бизниси да ги донесат во Скребатно, бидејќи селото нуди различни можности меѓу кои и развој на туризмот.
Мештаните беа многу гостопримливи. Тие несебично зборуваа за убавините на своето родно место. Велат, дека со сретства од црквата била поставена струја во селото и бил направен патот. Посебно кажуваа за црквата „Св. Богородица“. Нејзиниот атар важи за едно од најуредените места во државава. Познато е дека за време на големиот христијански празник „Мала Богородица“ таму се собираат околу 6 000 посетители од сите краишта на светот. Скребатно и мештаните кои  живеат таму, претставуваат пример што Македонија треба да го следи.
{loadposition content9}