Скромен дочек на Нова Година
Полека се ситнат деновите од старата година, но меѓу граѓаните се помалку ја има некогашната еуфорија за што погламурозен дочек на најлудата ноќ во годината.
Полека се ситнат деновите од старата година, a меѓу граѓаните се помалку ја има некогашната еуфорија за што погламурозен дочек на најлудата ноќ во годината. Секој за дочекот на новата година се подготвува на свој начин. Повеќето од граѓаните ќе останат дома, а некои пак ќе мора да работат и за време на Новогодишните празници.
Новогодишната атмосфера во охридската чаршија како да не се чувствува. Трговците и угостителите се жалат
дека граѓаните се помалку трошат од семјниот буџет за новогодишните празници. Охридскиот угостител, Љупчо Патчев, вели од година в година сакаме да го следиме примерот на западните земји каде што е практика да се оди на вечера пола час, а потоа излегуваат на плоштадите.
„ Но, со тек на време и кај нас се помалку ќе се слави Нова Година во рестораните, смета Патчев. Од друга страна состојбите во економијата, а во последно време и политичките, мислам дека луѓето живеат во страв и напнатост и не се чувствуваат слободни. Знаете, порано за 15 дена во чаршијата немаше роба имаше пари, а сега е обратно. Економски сме назад за разлика од другите години“, кажува Патчев.
Цените во рестораните се пониски од лани. Цените на ресторанските мениа се пониски и за разлика од другите години, појаснува Патчев. Во овој период од минатите години угостителите имаа голем прилив на гости и за три дена од Новогодишните празници зарботуваа за да ги покријат останатите зимски месеци кога туристичкиот период е мртов, вели Патчев. И покрај кризата гостите покажуваат интерес за резервации во ресторанот, кажува Патчев.
„ Немаме голем капацитет 50 до 80 места, ќе се наполнат, не се мериме со поголемите хотели за Нова Година. Но, во Охрид треба ако не секој ден тогаш барем 3- 4 дена во неделата да биде како Нова Година и греота е да не е така“, појаснува познатиот угостител од ресторанот „Далга“.
Во периодот од годината кога се слави и подарува трговците се жалат на слабиот промет. Поголемиот број од граѓаните се помалку купуваат подароци и луксузни работи. Од се потенкиот семеен буџет трошат само на неопходните потребштини и продукти.
{loadposition content9}