Skip to main content

Скромен подарок за Велигден, но даден од срце

Независниот советник Љупчо Настоски посети неколку социјално загрозени семејства од Охрид. Малата Симона, посебна слабост за Настоски.

 |  Голабовски Крсте  | 
Ljupco Nаstoski
Љупчо НАстоски

Да прогледа малата Симона Јовеска. Тоа е велигденската желба на независниот советник Љупчо Настоски. На само два дена од одбележувањето на големиот Христијански празник Велигден, Настоски на неколку социјално загрозени семејства од Охрид им донесе табла јајца и милиброд. Помошта не е голема но истата е од срце, вели Настоски.

Ljupco Nаstoski„Душевно сум полн, со тоа што не е можеби којзнае што, сепак посебно ми е драго што им помагам на социјалните фамилии. Исто така не ја заборавам и малата Симона, ја посетувам неколку пати и посакувам до година да ме види како изгледам. Таа со својата прегратка докажа дека ме сака и дека чуствува нешто спрема мене и Велигден да помогне до година и посакувам добро здравје и што поскоро да прогледа“, потенцира НАстоски.

Добро е да проработи свеста кај сите граѓани кои што можат да помагаат, вели Настоски. Според него на ранливата категорија на луѓе понекогаш покрај помош им треба и малку разбирање.

„Живееме во економска криза и секој колку што може нека помага. Ова што го даваме е само скромно учество на Велигденската трпеза кај социјалците“, објаснува Настоски.

Оваа атмосфера за Велки Четврток, ја регистриравме  на ул Карпош Војвода, во социјалната зграда во Охрид. Но ова нека не биде единственото место за покажување, гест на хуманост. Исто така хуманоста може да се докаже не само за празниците туку секој ден и на сите оние кои навистина имаат реална потреба од тоа.

{loadposition content9}