Skip to main content

Скромна помош за најстарите

Скромна помош за штитениците на Геријатриското одделение од Општата болница во Охрид.

 |  Крсте Голабовски  | 
poseta
посета
poseta

Претставници на советничката група и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го посетија ова одделение како дел од својата иницијатива за хуманитарно делување.

Малку е потребно да се измами насмевка кај нашите најстари сограѓани. Штитениците на Геријатриското одделение од Општата болница во Охрид, денес беа посетени од претставници на советничката група и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. При посетата им беше доделена скромна помош. „Станува збор за мало внимание, со цел да поразговараме со највозрасните, да ги ислушаме и да се запопзнаеме со нивните проблеми, вели советничката Љубица Мојсоска.

„ Оваа активност е една од многубројните актовности ќија цел е хуманитарна, за која се залага ОК на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да ги посетиме оние кои се највозрасни и да им посветиме едно мало внимание“, додава таа.

Станува збор за хуманитарен допринос за ова оддлеление, кој се состои од храна и шест столчиња. Условите во кои живеат овие луге, значително се подобрени изминативе неколку години, велат од персоналот на одделението. Од геронтолошкото одделение велат дека секоја помош е добредоједена иако нивните штитеници се повеќе од згрижени. И директорот на Општата болница, Љубен Арнаудов задоволен од вниманието кое денес го добија штитениците на ова одделение.

portokaliМоментално на ова одделение се згрижени триесет лица, а на листа на чекање се уште триесет, изјави Аранудов. Поради ова од болницата се залагаат за изнаоѓање на решение за проширување на овој дел, со цел да бидат задоволени потребите на градот и соодветно да бидат згрижени пациентите кои имаат потреба од поливалентно лекување. Арнаудов уште додаде и дека менаџментот на болницата прави напори, решенија за работен однос на неопределено време, да добијат неколкумината од болничкиот персонал од ова одделение, кои веќе подолго време се ангажирани со договор на дело.
{loadposition content9}