Skip to main content

Скршената гранка од Чинарот сеуште никој не ја крева

Скршената гранка од чинарот уште долго време ќе биде декор на плоштадот Крушевска Република.

 |  Маленкова Татјана  | 
cinar skrsena granka
чинар скршена гранка

Охридскиот чинар – дрвото кое е заштитен споменик на природата се распаѓа пред очите на институциите. И по три месеци скршената гранка која попушти од тежината на снегот кој падна во Охрид на 6 ти декември, никој не ја отстранува. Од локалната самоуправа откриваат дека со амин од министртвото за животна средина се ситнат само делови од гранката. Скршената пак гранката сеуште никој не смее да ја пресече, туку тоа ќе се направи само во присуство на преставници од министерството за животна средина, кои никако да прецизираат кога ќе дојдат во Охрид. Портпаролот на локалната самоуправа Симон Илиевски вели дека по кршењето на гранката на стариот Чинар на плоштадот Крушевска република во центарот на Охрид, увид направила комисија од одделението за животна средина и министерството за животна средина. Тој додава дека тие договориле да се преземат низа активности од страна на министерството за животна средина.  

„Најнапред на Чинарите во Воска и во Кошишта да се отстранат старите гранки, да се заштити делот од оштетувањето поради заштита на целото дрво, а што се однесува до Чинарот во центарот на градот, таа гранка што падна тие дрва да се тргнат и дел да се употребат за санирање на дрвото. Потоа ќе ги чува нашето ЈП и ќе се употребува за други зафати кои ќе ги прави нашето одделение за животна средина, заедно со министертвото за животна средина“, вели портпаролот на општина Охрид Симон Иливски.

Илиевски уште еднаш потенцираше дека Чинарот е заштитен споменик на природата и додава дека поради cinar skrsena grankaтоа локалната не може да превземе ништо без дозвола од министерството за животна средина. Илиевски како причина за кршењето на гранката ја наведе и лошо изведената конзервација на дрвото.

„Според записниците кои се направени по увидот, се гледа дека староста си го прави своето кај дрвата, а дел од експертската јавност велат дека не се извршени добро конзерваторските работи по онаа прва хаварија и дека за овие зафати кои треба да ги прави министерството за животна средина и експертите ќе се употребат најсоодветните методи и ќе овозможат заштита на овие симболи на природата бидејќи се заштитени како симболи на природата од министртвото за животна средина“, додава Иливски.

ТВМ во повеќе наврати контактираше со одговорните лица од министерството за животна средина, со цел да објаснат како ќе се заштитува Охридскиот Чинар.

Биологот кој е дел од експертскиот тим формиран од министрвото за заштита на Чинарот, Александар Настов, неодамна за ТВМ потенцираше дека  една од  мерките наложени од Инспекторот за животна средина и општината е делот каде е скршената гранка од Чинарот да се обезбеди, затоа што матријалот кој е скршен е потребен за научни цели. Тој додаде дека скршеното стебло ќе се даде во посебни збирки на универзитетите и на други места бидејќи овие се монументални стебла стари 11 века.

Оваа изјава на Настов не се реализира, но останува да се надевеме дека конечно надлежните ќе се разбудат и ќе превземет се, да го заштитат барем она што остана од најфотографираното дрво старо 11 века – Чинарот кој е одбележје на Охрид.

{loadposition content9}