Skip to main content

Опасност за минувачите

Скршена гранка виси над патот за Орман

Во рубриката „Ти си твојот град“ слики ни испратија жители на селото Орман. Велат дека голема скршена гранка од орев, која претставува опасност за минувачите, виси над патот кој води за селото.
Скршена гранка

Огромна скршена гранка од орев виси над патот за Орман, во непосредна близина на влезот од селото. Жителите за рубриката „Ти си твојот град“ велат дека гранката претставува голема опасност за возачите и минувачите, а прашање е само на време кога ќе падне.

Скршена гранка

Скршената гранка стои веќе неколку месеци надвисната над оревот и над улицата. Се плашиме да поминеме тука, бидејќи навистина станува збор за голема гранка која доколку падне може да повреди некого. И оревот е цел шуплив, се надеваме дека некој ќе помогне да се реши проблемот и надлежните ќе ја отстранат гранката – велат жители на Орман.

Погледнете ги сликите !!!

Скршена гранка
Скршена гранка
Скршена гранка