Skip to main content

Скршено сферното огледало на ул.„Марко Нестороски“

За зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“.

 |  Голабовски Крсте  | 
ogledalo
Огледало

ogledaloЗа зголемување на сообраќајната безбедност, од пред некоја година градските власти во Охрид на неколку „црни точки“ низ градов поставија сферни огледала. Но, изгледа дека некому овие сообраќајни помагала му пречат. Веќе неколку дена скршено е едно од ваквите огледала, поточно огледалото на ул. „Марко нестороски“.

Поставувањето на овие огледала  иако даваше позитивни повратни резултати и во голема мера ги намали сообраќајните незгоди на тие точки бидејќи обликот на огледалата придонесува да се зголеми прегледноста при сообраќање на раскрсницата.

Во очекување на замена на ова сообраќајно помагало,да се надеваме дека на вандалите ако ништо друго, седум години ќе ги тера малер.

{loadposition content9}