Skip to main content

Слаб е интересот на охриѓани за јавните анкети за Деталните урбанистички планови

Слаб е интересот на граѓаните од Охрид за јавните анкети и презентации за Деталните Урбанистички планови. Денес во големата општинска сала беа презентирани два Детални урбанистички планови кои се оденсуваат за станбени куќи за домување на ул. „Марко Нестороски“, „Васил Стефоски“ и ул „Бистрица“.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес во големата сала на општина Охрид се одржаа две јавни анкети и презентации за Детални урбанистички планови. Првата анкета и презентација се однесуваше за една градежна парцела на ул „Марко Нестороски“. Изготвувачот на плановите Вера Снегар појаснува што се е предвидено во тој план за тој опфат.

„Се работи за станбена куќа домување, една градежна парцела. Денес беше јавната презентација, на неа не дојдоа заинтересирани граѓани, имаше претставници на јавни институции и помина без некои забелешки“

И втората презентација на Детален Урбанистички план се одесува на станбено домување, пренесува Снегар. Таа додава дека сите законски процедури биле запазени согласно Законот за просторно урбанистичко планирање и Правилникот за простоено урбанистичко планирање.

„Ако зборуваме за ул „Васил Стефоски “ за тој опфат, тука мора да го почитуваме Генералниот Урбанистички план на град Охрид, бидејќи тука влегува меѓу две собирни улици и мора да ги превземеме од ГУП за тој дел е работено и претходно ДУП кој мора собраќајниците да ги преземеме од таму. Има многу мали измени“ – вели Снегар.

Интересот на охриѓани за анкетата и презентацијата за Деталните урбанистички планови за спомнатите опфати беше слаб. Граѓани беа дојдени во големата општинска сала, но, тие се интересираа за друг опфат, а не за денешниот кој се презентираше од страна на команијата „Снегар“ и претставниците на Секторот за урбанизам при општина Охрид.