Skip to main content

Хотам

Слаб интерес за екстра заработка

Само стотина лица од регионот пројавија интерес за повикот на ХОТАМ за екстра заработка, со ангажман во хотелско угостителскиот сектор. Проблемот со недостиг на кадар се продлабочува. Во пресрет на туристичката сезона стотици огласи за готвачи, келнери, шанкери, салатери…..Граѓаните не сакаат да работат во земјава, заминуваат во странство.
 |  инфодеск  | 
повик ХОТАМ за екстра заработка

Мал интерес за дополнителна работа во хотелско угостителскиот сектор. Само стотина лица се пријавија на платформата на ХОТАМ за екстра заработка во хотелите и рестораните, на веќе вработени граѓани во друг сектор.

Проблемот со недостиг на кадар и натаму се продлабочува. Огласите за работа во регионот се прополни. На прагот на туристичката сезона се бараат готвачи, салатери, келнери, шанкери, собарки и друг персонал.

„Не може да се пофалиме дека имаме некоја задоволителна бројка на пријавени. Очекувавме од 300 до 500 луѓе да побараат екстра заработка од втора работа. Интересот е на ниско ниво и се работи под 200 вработени во моментот. Огласот уште трае. Се надеваме дека ќе ја поминеме таа бројка од 200 и тој проект да ни донесе како понатаму“ – вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Еден готвач заработува од 30.000 до 45.000 денари нето плата. Плус празнични дневници и двојна дневница за недела. Но, проблемот е ниската сезона, кога нема приходи за да се покриваат високи плати, кои со придонесите се огромен трошок.

За една дадена работа која се плаќа во Хрватска 1000 евра, таа дадена работа се плаќа само три- четири месеци. И ние овде, за такви вработувања, да би нашле финансии, да платиме некои вработени. Друга неправедна работа е што ние имаме отворени граници. Нашите вработени одат надвор од државата, а ние не можеме да донесеме работници од надвор. А, некои категории и тоа како ни се потребни. Доаѓаат, ги регрутираат, а сето тоа трае од три до четири месеци. Тие не плаќаат придонеси на нив, им даваат пола кеш“ – појаснува Блажески.

Најчестите дестинации каде заминуваат граѓаните се Хрватска и Германија. Работат неколку месеци, се враќаат и повторно одат. Таму не добиваат пензиско и здравствено осигурување. Проектот на ХОТАМ за дополнителна заработка им овозможува на веќе вработени лица екстра да заработат, преку ангажман од дневници, со платени придонеси.

Новинар Соња Рилковска