Skip to main content

Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите

Неадекватната едукација за имунизацијата е причина за поделеност на родителите, оние кои се за и против вакцинација, тврдат епидемиолозите. Тоа посебно било изразено кај помладите родители кои повеќе верувале на интернетот, отколку на стручните лица кои изнесуваат факти од науката.

 |  Николоска Биљана  | 

Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите. Во рамки на неделата на имунизација, секоја година експерти од Центарот за Јавно здравје во детската градинка Јасна Ристеска, вршат едукативни предавања за важноста на имунизацијата која што тема во последно време е многу актуелна. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека загрижувачки е тоа што родителите не се заинтересирани да слушнат едно стручно предавање на кое се дава одговор на многу прашања.

Кај многу од родителите има поделба, оние кои што се за или против вакцинација. Секако тоа е поради неадекватна едукација повеќето од оние кои што се против сметаат дека многу од болестите се искоренети и нема потреба од вакцинација. Тоа не значи дека во соседството ги нема болестите или во земјите од кои не оддалечува само еден авионски лет. Тоа не значи дека нема да се случи и во нашата земја појава на заболувања за кои редовно се врши вакцинирање“ .

Често кај родителите се појавува и дилемата дали вакцините се безбедни, предочува Струлакова. Таа тврди дека за тоа воопшто не треба да постои дилема бидејќи вакцините во нашата земја биле 100% безбедни.

„Прво се од реномирани производители од Белгија, Франција, познати фирми, Луј Пастер и тн. Но и самиот транспорт од земјата, до нашата земја е со зачувување на ладниот ланец. Во нашата земја има дополнителни анализи сите тие вакцини се со сертификати и транспортот од веледрогериите до здравствените пунктови каде што се спроведува вакцинација е со зачувување на ладниот ланец“ .

Стурлакова го разјасни и недоразбирањето кое го имаат родителите околу присуството на разни метали посебно живата во вакцината. Според неа, живата не е во форма на метал, туку во вид на соединение, кое пак соединение го има и во мајчиното млеко и во останатите млечни производи. Додека пак во врска со стравувањата на родителите дека вакцините имаат врска со причините за аутизам и тука Стурлакова е категорична, дека сеуште не постои научен доказ за поврзаноста помеѓу МРП (морбили, рубеола паротит) вакцината и аутистичните пореметувања. Таа вели дека аутизмот кај децата се појавува пред да се примат вакцините и дека сепак оваа појава се должи на генетско пореметување.