Skip to main content

Слаб старт на туристичка сезона Пештани

Во јули месец пештанци се жалат на слаба туристичка сезона. Низ пештанските улички и хотелско угостителските капацитети можат да се забележат само странски туристи. Пештанци оптимисти, велат дека допрва следува шпицот на сезоната и очекуваат повеќе гости.

 |  Николоска Биљана  | 
pestani
пештани

pestaniСлаб старт на туристичката сезона во Пештани. Освен малиот број странски гости посебно холндските туристи, други гости речиси и да нема, се жалат мештаните. Но пештанци не губат надеж.

„Нема сеуште нема чекаме и се надеваме на добра сезона. Наназад 10 години исто е вака па сега ако нема во јули кога ќе има, обично од 15 се полни. Моментално сеуште ги чекаме има ама многу слабо. Не се надеваме на повеќе и сега не е тоа што беше некогаш.

Во Пештани населението треба и можи да живее од туризмот, но недостасуваат повеќе работи кои треба да се средат, велат од Месната заедница.

pestaniИнфраструктурата треба да се подобри во многу а на тоа актуелниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески веќе почна да работи, со цел Пештани да прерасне во добра туристичка населба вели Слободан Влавчески од МЗ. Тој додава дека Пештани во изминатите години било многу запоставено од минатите власти.

„Во Пештани треба да се среди малку повеќе, треба да се посвети на чистотата во Пештани да се средат плажите со тоа што треба да се отстранат кајчињата“

Од месната заедница веруваат дека актуелната власт од Охрид, активно ќе работи на решавање на бројните натрупани проблеми во Пештани, со цел да имаат добар резултат не само во туризмот туку и воопшто.

{loadposition content9}