Skip to main content

Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро

Има ли опасност од излевање на Слатинското езеро поради најавените обилни врнежи од дожд. Од Центарот за управување со кризи смируваат дека нема реална можност за тоа, но сепак будно ќе ја следат состојбата на терен.

 |  Јаковлева Лионела  | 
slatinsko ezero
слатинско езеро

Најавеното невреме со обилни врнежи од дожд, потенцијална опасност за Слатинското езеро. По катастрофалното оштетување на браната кое се случи на почетокот на 2013та година која само делумно беше санирана, при секое поголемо невреме се алармираат службите кои зе надлежни за состојбата со оваа акумулација. Раководителот на охридскиот ЦУК, Митко Темелкоски вели дека во моментов овој воден басен е исполнет до половината  така што и да има поголемо количество на вода од најавените врнежи не би требало да дојде до некоја несакана последица.слатинско езеро

Тоа не преставува директна опасност по стабилноста на браната но сепак состојбата треба будно да се прати. Доколку дојде до влошување на истата ние сме подготвени веднаш да интервенираме, вели Темелкоски.

Раководителот на ЦУК објаснува дека во непосредна близина на езерото живеат четворица жители кои веднаш ќе бидат евакуирани доколку дојде до некаква опасност.Слатинското Езеро е изградено во 1963 година. Долго е 1,5 km, а широко 600 метри. Езерото освен што е значајно за земјоделието е многу важно и за развој на руралниот туризам и спортскиот риболов во овој крај.

{loadposition content9}