Слатки маки за охридските градинки
Интензивно се подготвуваат за почетоткот на новата учебна година.
Иако од година во година, наталитетот во Македонија белeжи тренд на опаѓање, а се намалува и бројот на запишените ученици во средните училишта, сепак бројот на заинтересираните родители за упис на своите деца во градинките од година во година е се поголем, вели Марина Петроска-Тодороска, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид.
„Ние имаме слатки пробелми бидејќи актуелно е дека наталитетот се намалува, бројот на децата пак кои сакаат да се во нашата установа се зголемува и сме размислувале во таа насока значи потребно ни е да се прошрат просторните можности“ информира Марина Тодороска.
Директорката Тодороска обајснува дека во тек е доградбата на централниот објект, каде од септември истиот ќе биде проширен за три нови занимални и една пространа трпезарија. Но моментално најактуелна е состојбата со уписите и проблемот кој се јавува бидејќи во сите пет детски градинки во градов, бројот на заинтересираните ги надминува нормативите. За таа цел, според Законот за детска заштита во секој објект се формира Комисија за прием на деца, со што има и нова процедура за прием на деца, објаснува Тодороска.
„Родителот сега треба да дојде лично, да поднесе писмено барање за прием на децата и да нагласи од кога сака детето да ја користи услугата на градинката. Родителите покрај барањето треба да достават и лични карти како и здравствена книшка за детето“ објаснува директорката Тодороска.
Еднаш месечно, се состанува Комисијата за прием на деца. Истата е составена од одговорните воспитувачи од секој објект, медицинската сестра и двајцата педагози. Предност имаат самохраните родители и семејствата каде двајцата родители работат, како и локацијата каде живеат, односно нивен прв и единствен избор треба да им биде градинката која е најблиску до нивното место на живеење. Доколку добијат позитивно писмено известување треба во рок од триесет дена да го запишат своето дете.Цените остануваат непроменети.
{loadposition content9}