Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2024 година на поетот Славе Ѓорѓо Димоски за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата ќе му биде врачена на добитникот во среда, на 23-ти октомври 2024 година, во 12:00 часот во Собранието на Република Македонија.