Skip to main content

Славјан Митаноски од ОУ„Кочо Рацин“- Охрид првонаграден на 48-та Државна ликовна изложба

Славјан сликаше на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.
 |  инфодеск  | 
Славјан Митаноски изложба

Во НУ Центар за култура-Битола од денеска е отворена 48-та Државна изложба со детски ликовни творби која се одржува во рамки на манифестацијата „Илинденски денови 2023“.

Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид ја освои првата награда на Државната изложба на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Во изложбата е вклучен креативниот труд на 547 ученици од разни македонски училишта кои изработија 527 дела и 52 колеции, за што поддршка добија од стотина ментори.