Следната недела ќе биде објавен вториот повик за инфраструктурни проекти во општините финансирани од централниот буџет

До 15 милијарди денари од државниот буџет им се ставаат на располагање на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти во рамки на вториот владин повик кој ќе биде објавен следната недела преку Министерството за локална самоуправа.
„Ова се значајни средства кои се ставаат на располагање на општините за изградба на капитални проекти како училишта, градинки, паркови, водоводи и канализации, со кои се решаваат децениски проблеми на граѓаните. Се работи за историски најголема инвестиција на централната власт во единиците на локалната самоуправа.“ – кажа премиерот Христијан Мицкоски.
На минатиот јавен повик 78 општини добија 288 проекти со вкупна вредност од 4,5 милијадри денари или 73 милиони евра. За 251 проект веќе се склучени договори или се во завршна фаза од постапката за избор на изведувач, 50-тина веќе се реализираат на терен, кажа Министерот за локална самоуправа Златко Перински за резултатите од првиот повик. Критериумите за аплицирање на вториот повик се исти, но и дополнително олеснети во поглед на рокот за поднесување на документи и отпочнување на постапката за јавна набавка.
„Ќе се одлучува врз основа на следните два критериуми. Првиот е по глава на жител на резидентно население во секоја општина согласно последниот попис и комплетноста на потребната проектна докумнентација со сите потребни дозволи и согласности за отпочнување на јавна набавка со ревидирана премер пресметка не постара од 12 месеци. Право на учество имаат сите ЕЛС кои можат да аплицираат со еден или повеќе проекти од различни области култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура социјална политика и образование.“ – кажа министерот Перински.
Рокот за аплицирање е до 30 април 2025 . И овој пат за транспарентност на целиот процес формирано е владино координативно тело.
Latest Охрид
