УХМР
Следните денови променливо облачно и топло време со сончеви периоди
Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 22 степени Целзиусови.
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено денес и во деновите од викендот, информираат од УХМР.
Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 22 степени Целзиусови.


