Променливо облачно и студено, со повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 4 до 9 степени Целзиусови.
Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег.
Фото: Ѓоко Симјаноски