Skip to main content

УХМР

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра

Во Охрид денените температури ќе бидат во интервал од 4 до 15 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро постудено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Од УХМР информираат дека под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура ќе бележи тенденција на пораст, особено во деновите од викендот.

Во Охрид денените температури ќе бидат во интервал од 4 до 15 степени Целзиусови.