Skip to main content

Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица

Лицата со оштетен вид полесно ќе можат да стигнуваат до институциите во градов, а и ќе можат без придружба да се шетаат по  кејот. Во градов ќе се прават тактилни патеки за слепи лица. Се размислува и за отварање дневен центар за деца со оштетен вид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
bel stap

Во Охрид ќе се прават патеки за слепи лица. Овој проект ќе го реализира Министерството за труд и социјална политика  во соработка со Сојузот  на слепи на РМ. Покрај во Охрид вакви патеки веќе се прават во Скопје, а ќе се направат и во Битола. Проектот чини околу 30 000 евра. Во Охрид вакви патеки планирано е да се постават до сите институвии во градов како и по кејот на езерото. Славчо Џајкоски, претседателот на Здружението на слепи лица од Охрид вели дека ваквата иницијатива е одлична бидејќи слепите лица и лицата со оштетен вид најчесто доколку сакаат да се движат низ градов тоа го прават со придружба.slepi lica

Движењето во Охрид за слепите лица е многу отежнато пред се попради несовесните возачи кои своите автомобили ги паркираат на тротоарите. На многу места има отворени шахти кои  исто така се потенцијална опасност, а и разно разните реклами поставени на несоодветно место се проблем за слепите лица, вели Џајкоски.

Претседателот на охридското задружение на слепи лица вели дека нивна заложба во соработка со локалната е поставувањето на звучни семафори. Кај некогашниот Мини-маркет веќе се ставени, но планирано е да се постават и кај Охридска банка. Апелира до претпоставените во Фондот за комунален развој да поводат сметка при поставувањето на ступчињата на тротоарите кои се препрека за несовесните возачи кои таму ги паркираат своите возила бидејќи многу пати слепите лица се сопнуваат на нив. Џајкоски бара ступчињата да се повисоки и да се обоени во некоја повпечатлива боја. Од Охридското здружение размислуваат и за отварање дневен центар  са деца со оштетен вид. Вакви центри веќе се отворени во пет градови во Македонија. Засега во Охрид овај проект ќе почека бидејќи во моментов има само две дечиња кои се со поголемо оштетување на видот и истите ќе бидат испратени во специјалниот завод Димитар Влахов во Скопје.bel stap

Ако се укаже потереба да се отвори таков дневен центар ние ќе го направиме. Има здруженија кои сакаат да ни помогнат, а сигурно со некои средства ќе се бклучи и Локалната. Засега тоа се прави во градовите во кои има поголема потреба за ваков дневен центар, објаснува Џајкоски.

Џајкоски кажува дека во Здружението на слепи лица во Охрид има околу 85 лица со оштетен вид. 20% од нив се на возраст од 20 до 40 год.  А останатиот процент се над 40 год. Здружението постои повеќе од 50 год. и се финансира од средства од Локалната, ресорното министерство и помагатели.

{loadposition content9}