Skip to main content

Сликарот од Канада, Мајкл Клосе личната архива ја предаде на охридскиот архив

Сликарот од Канада, Мајкл Клосе личната архива ја предаде на охридскиот архив.

 |  Валентина Неловска  | 
slikar

Мајкл Клосе, светски познатиот ликовен уметник од Канада , со македонско потекло, личната архива поврзана  со неговото сликарско творештво ја донира  во охридскиот архив. Станува збор за негова лична документација од изминативе 4 децении творештво и  содржи слајдови од неговите слики, дневници кои ги пишувал во изминатите години, исечоци од весници, преписки од организирање на изложби. Мајкл вели долго размислувал и одлучил  дека најдобро место е  неговата лична архива да биде донесена во Охрид.

slikar„ Прво едно поголемо мое  излегување како сликар,  надвор од границите на Канада беше Македонија и државите од поранешна Југославија. Целото творештво е поврзано со Македонија, најубавото нешто беше документите да се донираа тука, а од архивот беа отворени и прифатија“, напоменува Клосе.  

Мајкл Клосе е роден и живее во Канада, но не го заборава своето потекло. Во неговото творештво голема улога и влијание има Охрид.

„ Инспирацијата доаѓа природно, корените ми  се од Македонија, сопругата е од Охрид и дел од моето семејство живее тука. Секое мое доаѓање во градот кој има долга историска  и културна традиција  е моја  постојана инспирација“, напомeнува Клос.

slikarСликарот Клосе и неговата сопатничка во животот охриѓанката Менче, историчар на уметност, го контактирале охридскиот архив за нивната идеја. Со задоволство била прифатена и реализирана идејата кажува и директорката на Архивот, Славица Јанкоска.

„ Во овој момент сакам да изразам почит кон нив ја дадоа довербата и ги донираа своите лични документи на понатамошна заштита и чување во Архивот. Мајкл Клосе  е светски уметник со над 120 самостојни изложби и учесник во бројни групни изложни“, напоменува Јанкоска.  

Мајкл Клосе  има над 100 -тина изложби во над 20 земји во светот. Негови слики минатиот месец биле  поставени  во  Прага во македонската амбасадa,  во Трпејца и Вевчани, а последната изложба во Охрид била во 2010 година  посветена во чест на стогодишнината од раѓањето на  Мајка Тереза. Покрај неговата главна преокупација сликарството, Мајкл Клосе се занимава и со графички дизајн и сценографија.