Skip to main content

општина охрид

Словачката амбасадорка Хрицова во посета на Општина Охрид

Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.
 |  инфодеск  | 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава, Ивета Хрицова.

Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка  помеѓу  Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.

Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа разменети мислења и за актуелните политички случувања во земјава и регионов.

Словачка е силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Македонската амбасада во  словачкиот град Братислава  е отворена во  2021 година и е  важен придонес за унапредување на билатералното партнерство помеѓу двете држави.