На 07.07.2024 година во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено лице од село Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди”, удрил во мотоцикл што го управувал 47 годишен охриѓанец. Веднаш потоа, заедно со други две лица од селата Косел и Лешани физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информираат од СВР Охрид.
На 07.07.2024 година во 16.00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на кеј „Македонија” во Охрид, 47 годишен охриѓанец нападнал 35 годишно лице исто така од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, се содава во соопштението.