Службата 194 доби современо возило и опрема
Охридската итна медицинска помош доби современо амбулантно возило. Службата за брза помош доби и најсовремена медицинска опрема. Вoзилото и опремата се дел од проект на ЕУ вреден 185.000 евра за прекугранична соработка со Република Грција.
Охридската итна медицинска помош доби современо амбулантно возило и софистицирана медицинска опрема. Возилото е донација од европскиот проект „Безбедни градови за срцето“ со прекугранична соработка на охридските ЈЗУ Здравствен дом и Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања и рехабилитација Св. Стефан со градовите Тракија и Каламарија од Република Грција. Амбулантното возило има најсовремена опрема и за градот е од многу голема важност при интеревенциите за спасување човечки животи кога секоја минута е драгоцена, напоменува д-р Ајсел Зејноска, директор на ЈЗУ Здравствен дом. Преку овој проект 185 000 евра беа наменети исклучиво за возилото кое го доби Здравствен дом, а дополнително средства беа наменети и за набавка на возило за Институтот за кардиологија Св Стефан.
„Од тие 64.000 евра беа наменети за амбулантното возило. Останатите преку 100.000 евра беа за набавка на современа медицинска опрема. Во таа современа опрема спаѓаат екг апарати со мониторниг, мобилни екг, дефибрилатори со мониторниг, мобилни дефибрилатори, сетови за имобилизација, сетови изгореници и гинекологија. Пулсиоксиметри, аспиратори, респиратори и многу други работи со кои ја подновивме брзата помош“.
Многу ни е важно да имаме современи амбулантни возила и да го опремуваме возниот парк. Имаме амбулантни возила од 2010 и од 2012 година со што имаме посовремена опрема и пософистицирани возила. Директорката на ЗЈУ Здрвствен дом во менаџирањето со здравствената установа има нови планови и предизвици.
„Јас би сакала уште повеќе да го подновам возниот парк. Се надевам во 2021 година да набавам со сопствени средства ново возило, но со поддршка од нашиот министер д-р Венко Филипче да го обновиме возниот парк со уште едно современо возило Рено Трафик со фул опрема. Предизвик ми е да ја реновирам и маларична“.
Итната медцинска помош во моментот има на располагање 11 амбулантни возила. Од нив 6 се најсовремени возила опремени со соврема медицинска опрема и 5 од постар тип. Службата има доволен број на тимови за работа, а се задолжени по двајца возачи за секое амбулнтно возило со цел да се зачуваат возилата исправни, кажува директорката Ајсел Зејноска.