Службите на Центарот за развој на Југозападен плански регион направија увид на градежните работи кај местото “Зодишта”
Службите и директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Мирјана Лозаноска извршија увид на градежните работи кои се изведуваа на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште “Зодишта”.

На официјалната фејсбук страна на Центарот за развој на југозападен плански регион стои дека на терен се соочиле со проблем со пропустите за вода. Доколку не се изведат истите, инвестицијата ќе пропадне.
Од центарот велат дека нема да го дозволат тос и ветуваат дека ќе внимаваат на квалитетот на изведбата на секоја инвестиција која ќе се случи во Вевчани.
Од центарот се обврзаа дека ќе го санираат проблемот со пропустите за вода и нема да дозволат оваа инвестиција да да пропадне.