Skip to main content

Сметка за колектор треба да плаќаат сите граѓани на државава затоа што Охридско Езеро е на сите и е светско богатство

Со четири пречистителни станици во Трпејца, Љубаништа, Косел и Лакочереј ќе се заокружи заштитата на Охридското езеро.Според првиот човек на градот,  колекторскиот систем во моментов е во добра кондиција, но за редовно функционирање потребно е во сметките на јавното претријатие „Колекторкси систем“ да партиципираат сите граѓани во државата, не само охриѓани и стружани.

 |  Соња Рилковска  | 



Според Планот за уравување со Охридското езеро до 2025 година предвидена е комплетна реконструкција на колекторскиот систем долж брегот на Охридското Езеро.
Проектот почнува со доизградбата на колекторот од Елен Камен до Радожда во струшко.  За санирање на колекторскиот систем од охридска страна , ќе се градат четири пречистителни станици,  со средства кои треба да ги обезбеди општината.
Една ќе се гради кај Трпејца, потоа Љубаништа, но  и кај Косел и Лакочереј, села  од каде што индиректно се загадува езерото . Во тек е изработка на проект за секундарна канализација во  едно од најпосетуваните туристички населби на брегот на езерото, селото Трпејца.

„Тие се клучни проекти кои треба да ги завршиме во однос на заштитата на Охридското Езеро од отпадни води и секко Сатеска. Сега сме во фаза на распишување на тендер за пречистителната станица во Трејца ние и лани обезбедивме средства за таа намена,  затоа што везе во годишната програма на Словенската развојна агенција, меѓутоа поради корона кризата  се издолжи потпишувањето на Меѓудржавниот договор и пропадна“, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Колектрскиот систем според градоначалникот Георгиески  во моментов е во добра кондиција.

„Целата таа приказна околу колекторскиот систем за Охрид значи многу затоа што со поделбата на Проаква долговите, кои што беа на конто на Проаква од колекторот сега се преземени од државата,  новото Јавно претријатие Колекторски систем а општинските претпријатија се многу растеретени во таа смисла“, вели Георгиески.

Охридското езеро како светско културно наследство, треба да биде грижа на сите граѓани на земјава а не само на охриѓани и стружани. Во сметките  за колекторски систем треба да партиципираат сите.

„Колекторските системи се нешто што претставува грижа за едно јавно добро кое што е на Охрид, Р Македoнија и светско добро.  И во подмирување на сметките на едно такво јавно претпријатие треба да се вклучат сите граѓани на Р Македонија не само од Охрид и Струга затоа што колку што е наше толку е на сите граѓани, па со оглед  на тоа треба  солидарно да се  подмируваат сметките од секое едно домаќинство во државата. Тогаш многу ќе се растерети целата финансиска конструкција на  јавното  претпријатие“ , вели Герогриески.

Согласно студијата изработена од Jaпонската агенција за меѓународна соработка, „Џајка“ потребни се 50 милиони евра за комплетна ревитализација и доизградба на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.