
Екипите на ЈП Охридски Комуналец од утринските часови на терен за ублажување на последиците и нормализирање на состојбата по вчерашните снежни врнежи и минусни ноќни температури.

За непречено движење на пешаците се чистат и посипуваат со абразивни средства најфреквентните јавни површини како и локациите околу објектите од витално значење: градинки и други образовни институции, здравствените објекти, општествени институции, пешачки премини, чаршијата, уличките во стариот дел од градот, Мостот на желбите, тротоари, и тн, велат од јавното претпријатие.


Во текот на денот ќе се продолжи со овие активности и ќе се опфати и поширокото градско подрачје.
Со специјална механизација се интервенира и по коловозите, а посебен акцент се става на повисоките места во градот и приградските населби. Екипите на Паркови и зеленило имаат полни раце работа заради влажниот снег кој предизвика големи проблеми и оштетувања на дрвја и гранки на повеќе локации, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.