Со 1,8 милиони денари Mинистерството за култура годинава ќе го поддржи Вевчанскиот карневал
Договорот за финансирање на најстариот карневал во државата денеска го потпишаа ресорната министерка градоначалникот на Општина Вевчани.
Претходните две години министерството за култура не даваше финансии за Вевчанскиот карневал, општината самостојно го финансираше за да не се прекине вековната традиција. Министерката вели тоа било поради административни бариери.
„Кога се објавуваат резултатите од годишниот конкурс манифестацијата е веќе завршена и комисиите не можат да доделат финансиска помош за завршен проект. Токму затоа после таа случка разговаравме со градоначалникот дека ќе направиме посебен договор каде од една од ставките на Министерството за култура ќе се финансира сумата што и е потребна на Општината да го организира карневалот. По завршувањето на годинашниот карневал сметам дека треба да најдеме механизам за ова прашање да стане пракса и да нема прекин во финансирањето на Вевачснкиот карневал и поддршката од државата нема да изостанува.“, рече Бисера Костадиновска Стојчевска министерка за култура.
На падините на Јабланица од 12 до 14 јануари ќе се одржи најстарата карневалска манифестација во земјава. Од општина велат, програмата е дефинирана, а ќе биде објавена деновиве.
„Општина Вевчани е најмалата Општина во државата, а можеби и во Европа. Едно населено место со 2.500 жители. Буџетот е ограничен, и секоја поддршка е добредојдена, се надевам ќе ги има во континитет. Вевчанскиот карневал вреди да биде поддржан и не само од Министерството за култура, очекуваме и многу спонзори, кои ќе го поддржат биде поддржан и не само од Министерството за култура, очекуваме и многу спонзори, кои ќе го поддржат настанот,, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал, стар 14 века – денес светска туристичка атракција. Се очекува десетици илјади гости да ја посетат општина Вевчани за време за Православна Нова година.
Новинар Соња Рилковска