Со дефиле низ градот со противпожарни возила и презентација на противпожарна опрема, ТППЕ Охрид денес ќе го одбележи 20.мај – Денот на пожарникарите.
Дефилето ќе биде од 11:00 часот, а од 11:30 часот во дворот на единицата ќе се одржи презентација на противпожарна опрема.