Skip to main content

Кривична пријава

Со фалсификувани документи набавил диазепам

38-годишен охриѓанец со фалсификувани документи набавил ампули со течен диазепам во аптека. Против него е поднесена кривична пријава.
 |  инфодеск  | 
Аптека

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

Тој, на 7 медицински рецепти извршил преправки и го фалсификувал потписот од вработеното медицинско лице во здравствена установа. Потоа, фалсификуваните документи, како вистински, ги приложил во една аптека во Охрид, успеал да ги доведе во заблуда вработените, од каде неовластено набавил ампули со течен диазепам – информираат од СВР Охрид.