Со „ Гравири- 40 години отпосле“ се одбележаа 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски
Со оваа негова стихозбирка поетот се вивна во врвот на светската поезија. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици.
Промовирана збирката поезија „Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промоцијата на репринт изданието на „ Гравири- 40 години отпосле“ се организира по повод 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски. Во 1979 година од високо од родното Велестово, Галичица и Петрино , Славе Ѓорго Димоски се вивна во светската поетска елита. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици. За збирката поезија беседа одржа професор д-р Димитар Пандев кој сподели критички согледувања и прилози од еминентни имиња од македонското литературно творештво. Меѓу другото Пандев истакна дека „ Гравири“ од 1979 го отвора широкото геопоетичко пространство на поезијата на Димоски од кое израснува Велестово во геопоетичен бренд, со кој уште појарко се осветлува книжевната мапа на Македонија на литературната карта на светот.
Поетската книга „ Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски е репринт во издание на „ ПНВ Публикации“ од Скопје, а е проследено со нови критички согледувања од Венко Андоновски и Димитар Пандев.
Славе Ѓорѓо Димоски има објавено 18 поетски книги од кои 5 за деца, 18 се објавени на други јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.
За поетските оставрувања наградуван е во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“, „Гран-при на европската поезија, и двапати на охридското највисоко признание “Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.