Со изложбата “Низ детските очи 4” Здружението Тактус ја заокружи годинашната летна сликарска школа.
Оваа година школата ја посетуваа 48 деца, а за време на 6-те недели колку што траеше беше посетувана и од гости. Беа изработени преку 250 слики.
На изложбата вчера која беше поставена на малиот плоштад кај Мини Маркет, беа поставени 50 слики.
“Лично, многу ми е жал што немаме можност да ги изложиме сите слики, но многу се радувам што барем дел од нив беа јавно покажани, затоа што ние во Тактус – Здружение за развој на културно-уметнички вредности веруваме дека е важно на децата да им се даде платформа каде што ќе можат да го покажат она што го создале.” – вели уметникот Тони Попов кој ја организира летната школа и им помага на децата да навлезат во тајните на ликовната уметност.
Попов изрази благодарност на сите родители за укажаната доверба и на сите деца кои беа дел од ликовната школа.