Денеска започнуваат чествувањата на Општина Охрид по повод 7 Ноември, 81 година од ослободувањето на Охрид.
Свеченостите започнуваат со изложбата „Охрид преку делата на Славко и Никола Упевче“, по што ќе следи културно – уметничката програма насловена „Охридска музичка антологија“.
Инаку, посетителите ќе можат да погледнат изложба на ликовни дела „Охрид во минатиот век преку цртеж, акварел, акрил и пастел“ од Славко Упевче и изработка на мозаик „Градски часовник“ на јужниот ѕид од црквата Света Богородица Челница во Охрид (механизам на часовникот Борис Упевче), како и изработка на „Мозаична мапа на град Охрид и Лихнид“, дела од Никола Упевче. Изложбата ќе биде отворена во 18 часот.